Сампдорија си освои бод против Јувентус

143

Екипата на Сампдорија го впиша првиот бод сезонава во Серија А откако вечерва на свој терен одигра без голови против Јувентус во 2. коло. „Морнарите“ издржаа пред налетот на големиот фаворит и се оправдаа пред своите навивачи за поразот од Аталанта во претходното коло.

Инаку „Старата дама“ поведе со гол на Рабио во 65. минута но славењето им го прекина судијата Абисо кој по реакција на ВАР го поништи поради офсајд. Во финишот на мечот новакот во редовите на „бјанконерите“ Филип Костиќ имаше супер шанса но не успеа да донесе победа за својот тим.

Јувентус во наредното коло ќе игра со Рома (27 август), додека Сампдорија ќе и гостува на Салернитана (28 август).

Денеска се одигра уште еден меч од 2. коло. Екипата на Рома славеше со 1:0 над Кремонезе со гол на Крис Смолинг во 65. минута.

ПретходноМаестрален дебитантски гол на Алиоски за Фенербахче (видео)
СледноКонечно се разбудија „Ѓаволите“ и славеа во најголемото англиско дерби (видео)