Ракометарите на Охрид го совладаа Пролет со 27:23, во натпреварот за трето место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“.
Дуелот почна добро за Пролет, откако во раната фаза се стигна до водство од 5-2, а потоа поведе и со 7-3. ГРК Охрид експресно се врати и се приближи на 7-6, по што Лембанов сега мораше да побара минута одмор за да ги консолидира редовите на скопскиот суперлигаш. До крајот на полувремето се играше израмнето, за момент блесна нашиот голман Михаљевиќ, кој покрај неколку одлични одбрани успеа и самиот да постигне и еден гол, па на одмор се замина со водство на Пролет од 14-13.
Израмнетата игра продолжи и на почетокот од вториот дел, кога Јагуриновски погоди за водство од 18-16. Потоа почна кризата во играта во нападот на скопскиот состав, Охрид го искористи за пресврт и водство од 22-20. Во последните дваесетина минути беа промашени неколку зицери, како и два пенали, а Охрид знаеше како да го искористи тоа за да поведе со 26-22 и мирен крај.
Најефикасен на мечот беше Владимир Бојаниќ од ГРК Охрид со 8 погодоци, еден помалку кај Тинекс Пролет даде Томислав Јагориновски.