Калин го победи Вандермерш и се пласира во 1/4 финалето на турнирот во Тунис!

172

Браво Калин, браво за нашиот најдобар тенисер во моментов. Имено Калин Ивановски денеска во меч од 1/8 финалето на турнирот во Монастир (Тунис) со 2:1 во сетови го победи Вандермерш од Франција и со тоа успеа да се пласира во следната фаза, односно во 1/4 финалето на овој силен турнир.

Инаку Македонецот не почна баш најдобро, ги загуби првиот сет со 5:7, но затоа во следните два сета беше супериорен и успеа да ги добие со 6:2 и 6:4 и така да слави нова победа на овој силен турнир.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Ставрев ќе им суди на Шкендија и Струга ТЛ!
СледноКошаркарите во Нествед почнуваат нова тешка „мисија“!