Нов пех за Србија: Се повреди и Мициќ, ќе се опорави ли до ЕП?

179

На вчерашниот квалификациски меч за пласман на Светското првенство меѓу Србија и Грција во Белград се повреди еден од најобрите кошаркари во српскиот тим, Василие Мициќ.

Тој беше изнесен од теренот и не се врати во игра, но постои надеж дека повредата не е од сериозна природа.

На прес-конференцијата по натпреварот селекторот на Србија Пешиќ повика на трпение, затоа што мора да се почекаат денешните прегледи пред да се даваат коментари.

„Се надеваме дека повредата не е сериозна, но може целосно да не поремети. Не би зборувал за тоа, во најголем дел, само утре ќе можеме да кажеме повеќе за тоа. Најважно е лекарскиот тим да помогне да се спречи отекување на зглобот. Ако тоа не се случи, тогаш е добра шанса тој да се врати. Ќе видиме“, рече Пешиќ.

ПретходноДоколку Седлоски биде сменет, Васоски е прв кандидат за клупата на Шкупи!
СледноЃуроски повторно во Шпанија, потпиша за Оуренсе