Македонија од утре домаќин на ЕП за одбојкарки до 19 години

236

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години утре го зпаочнува настапот на Европското првенство во Скопје. Во организација на ОФМ во арените „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“, од сабота до 4-ти септември, 12 национални состави за одбојкарки родени 2004-та и подоцна, ќе се натпреваруваат на континенталното првенство.

„За нас ова е ретка можност да ги тестираме капацитетите на неколку нивоа, пред се во натпреварувачка, но и во организациска смисла. Сакаме женската одбојка да се врати на сцена преку долгорочен процес за да добиеме и квалитетна сениорска репрезентација, а од друга страна, пак, да се подготвиме за она што не очекува наредната година, а тоа е организацијата на група за Европското првенство во машка сениорска конкуренција“, вели генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Зоран Карановиќ.

Нашите одбојкарки предводени од селекторот Стефан Пауновиќ своите натпревари ќе ги играат во „Борис Тајковски“. Веќе утре на премиерата се среќаваме со Финска, а потоа не очекуваат и дуели со Словенија, Грција, Италија и со Полска. Сите натпревари Македонија ќе ги одигра во терминот од 20:30 часот.

ПретходноИвановски по само три гејма го предаде четвртфиналето во Тунис
СледноЗа седум дена, 21 милиони денари за играчите на Видеолотарија со СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР И МИНИ ЏЕКПОТ ДОБИВКИТЕ