Автомобилската компанија „Ауди“ и официјално го најави своето пристигнување во Формула 1. Денеска за време на стартните прес-конференции пред викенд возбудувањата на трката за ГН на Белгија, големата автомобилска компанија и Формула 1 ја потврдија заедничката соработка.
Според најавите, Ауди нема само да произведува свои мотори, туку и ќе стане главен сопственик на Формула 1 тимот на Заубер, кој сега работи под брендот Алфа Ромео. Ауди треба да добие 75% од акциите во тимот.
Што се однесува до другата марка на концернот Фолксваген, Порше, нивната најава за приклучување кон Формула 1 како партнери на Ред Бул се очекува нешто подоцна.
BREAKING: Audi will join Formula 1 in 2026!#F1 pic.twitter.com/fRnPvmSwU2
— Formula 1 (@F1) August 26, 2022