Пишува: Зоран Ѓоршоски
Гнев во раководството на Шкупи по дебаклот на тимот предводен од стратегот Гоце Седлоски во Европа. Каква златна шанса имаа чаирчани за историја, за пласман во групната фаза во Лига на Конференции, каква шанса да се заработат вкупно неверојатни 4,5 милиони евра, и ја упропастија. Шкупи веројатно никогаш повеќе во блиска иднина нема да има ваква шанса за нешто големо.
И затоа, како што дознаваме, првиот човек на клубот Олгун Ајдин е гневен, па така би можел да презема драстични мерки. А тие се да го смени Гоце Седлоски, а во тој случај прв пик, односно прв кандидат за тренер на тимот, е Александар Васоски.
Инаку јасно е дека Шкупи ова лето во Европа во најмала рака не се прослави. На осум натпревари дури шест порази,едно реми и само една победа и тоа над Линколн,аматерскиот клуб од Гибралтар. А знаеме сите како се “тресевме“ во реваншот. Добро издание во Загреб,солидно во Скопје против Динамо, но елиминација си е елиминација.
И тогаш, кога беше најважно, следуваше потоп. Шамрок Роверс двапати го “торпедираше“ Шкупи, додека Балкани исто така двапати успеа да слави над тимот на Гоце Седлоски.
Да, Шкупи дојде во позиција да се пласира во групна фаза во ЛЕ а посебно во ЛК, но само поради чудните правила на УЕФА со кој шампионот ако ја мине првата пречка потоа и колку да губи може да игра во групна фаза.
А Шкупи по Линколн губеше, губеше и пак губеше.
Штета, дури и Ирците беа изненадени како тоа лесно го минале ШКупи, а Балкани во својата прва евро сезона си обезбеди пласман во групна фаза во Лига Конференции, обезбеди историја.
А Шкупи на Седлоски, кога ќе се подвлече црта, доживеа дебакл.
Па затоа Седлоски би можел да биде сменет, веројатно тоа и ќе се случи, а на клупата на Шкупи тогаш би седнал Васоски.
СИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ЕВРОПА НА ШКУПИ ОВА ЛЕТО
ШКУПИ – ЛИНКОЛН 3:0
ЛИНКОЛН – ШКУПИ2:0
ДИНАМО (З)-ШКУПИ 2:2
ШКУПИ – ДИНАМО (З)0:1
ШАМРОК – ШКУПИ3:1
ШКУПИ –ШАМРОК 1:2
ШКУПИ – БАЛКАНИ 1:2
БАЛКАНИ –ШКУПИ 1:0
ПОБЕДИ: 1
РЕМИ: 1
ПОРАЗИ: 6