Полувреме во Кратово: Силекс – А. Пандев 1:1, убав гол на Велиновски!

184

Интересно прво полувреме во Кратово, во првиот меч од 4.коло во ПМФЛ меѓу Силекс и А. Пандев, кое заврши со резултат 1:1.

Струмичани можеби беа подобри, имаа повеќе шанси, но Силекс поведе со голот на Обадовиќ во 37.минута, откако Јанкулов шутираше а Јовановски ја одби таа топка до напаѓачот на кратовци, на кого не му беше тешко да го погоди голот.

Сепак во 43.минута гостите заслужено израмнија и тоа со убавиот гол на Велиновски кој шутираше од далечина, треба да се каже дека неколку минути претходно тој од речиси истата позицијата ја погоди стативата на Силекс.

ПретходноГООООЛ…Миовски од белата точка “тресе“ за Абердин! (ВИДЕО)
СледноУнион Берлин го “торпедираше“ Шалке, убедлив и Леверкузен! (ВИДЕО)