Неверојатно: Баерн имаше 35 удари на гол и не победи

110

Германскиот шампион Баерн не успеа да победи денеска на мечот со Борусија Менхенгладбах на домашен терен во рамките на 4. коло на Бундес лигата. „Баварците“ имаа висок процент на посед на топка 63%, а упатија дури 35 удари на противничкито гол од кои 20 во рамките на голот, изведоа 14 корнери (1 гостите) и не ги освоија бодовите.
Борусија Менхенгладбах дојде во предност во 43 минута преку Маркус Турам, но избраниците на Нагелсман извлекога бод благодарение на голот на Лирој Сане. Во 34. минута Мане постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Баерн има три победи и едно реми, а Менхенгладбах има 2 победи и 2 ремија.

На другите мечеви: Херта – Дортмунд 0:1, Хофенхајм – Аугзбург 1:0, Мајнц – Леверкузен 0:3, Лајпциг – Волфсбург 2:0, Шалке – Унион 1:6.

ПретходноМладите ракометари на Алкалоид преку Нант до полуфинале!
СледноЈончевски направи една измена во составот за дуелот со Словачка!