ПМФЛ: Струга ТЛ ја “тресна“ и Шкендија, и Работнички победи, славје во Штип, шампионот со три бода!

644

Уф, како ли играа оваа Струга ТЛ. Четврта победа во четвртиот меч сезонава. Попладнево четата на стратегот Срѓан Захариевски, иако драстично ослабена, успеа како гостин да ја победи Шкендија со 0:2. Да, овој меч се играше во Струмица, но Шкендија беше домаќин.

Со головите на Малески во 50. и Бесарт Ибраими во 70, Струга ТЛ остана максимална и сега со 12 бодови останува лидер на табелата во ПМФЛ.

Да споменеме дека Бесарт Ибраими кога го постигна голот не се радуваше од респект кон својот поранешен клуб, а работата на победникот ја олесни Клисман Цаке кој во 45.минута крвнички го фаулираше Малески по што доби директен црвен картон.

May be an image of 2 people, people standing and outdoors

Конечно победа и за Работнички. Конечно момците од Градски парк одиграа како што доликува и успеаја со 2:0 да го победат Тиквеш за први бодови во новата сезона. Рушевиќ и Гандо беа стрелците за победничкиот тим.

Шкупи на Автокоманда ја донби скоспката пресметка против Скопје и тоа со головите на Хамиди на почетокот од мечот и Данфа на крајот. Шкупи останува максимален.

Во Штип славје за “сините“. Интересен меч, можеби не толку квалитетен, но сепак со голот од пенал на Алтипармаковски успеа да победи со 1:0 и да освои големи три бода.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 4.КОЛО

Шкендија – Струга ТЛ 0:2

(/Малески 50., Ибраими 70.)

Работнички – Тиквеш 2:0

(Рушевиќ 20., Гандо 45./)

Брегалница – Македонија ЃП 1:0

(Алтипармаковски (п) 55./)

Скопје – Шкупи 0:2

(/Хамиди 2., Данфа 90.)

ВЧЕРА:

Силекс – А. Пандев 1:1

Победа (слободна)

ПретходноВест Хем со три бода кај Астон Вила, Њукасл се спаси во 90.минута! (ВИДЕО)
СледноНикој ништо не им може: Струга ТЛ со победничко селфи од Струмица!