Норвешка перфектна по првите две рунди!

172

Норвешка со две победи го заврши првиот претквалификациски прозорец за место на Европското првенство 2025 година. Оваа селекција која ќе биде противник на Македонија во вториот циклус на домашен терен ја совлада Данска со убедливи 99-75.

Со ова норвешките кошаркари испратија порака до Македонија во ноември добро да се подготви доколку сака да слави на домашен терен.

Мечот беше решен по една четвртина која Норвешка ја доби со 34-21, до крајот без проблем го приведе дуелот. Фреј и на оваа средба беше број еден, постигна 27 поени.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Македонија губи со шест разлика од Словачка
СледноФото на неделата: “Комитите“ се шегуваат со “Рибарите“!