Победа, реми и пораз за Алкалоид на турнирот во Белград

230

Ракометарите на РК Алкалоид настапот на турнирот „Трофеј Нови Београд“ што минативе три дена се одржа во Србија го заокружи со една победа, еден нерешен резултат и еден пораз.

Во првото коло Алкалоид одигра нерешено со шампионот на Израел, Хапоел Ашдод (25-25). Во второто коло славеше на дуелот со Динамо Панчево (35-29), а во третото коло го претрпе и првиот пораз од белградски Партизан (25-31).

По овој турнир, РК Алкалоид се враќа во Скопје за да го дочека почетокот на домашното првенство.

ПретходноМладите одбојкарки и вторпат поразени на ЕП во Скопје
СледноФиорентина и Наполи одиграа меч без голови, за Елмас половина час