Кире, Иџе и Гранде Пандев се македонските спортски икони

247

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Иџе Стефановски објави прекрасна фотографија на социјалните мрежи заедно со две легенди на македонскиот спорт. Со веројатно најдобрите двајца спортисти кои Македонија ги имала.

Тоа се Кирил Лазаров и Горан Пандев. Прекрасната фотографија наиде на воодушевување во јавноста затоа што многу ретко може да се случи овие тројца да се најдат на исто место.

„Macedonian power“ напиша автомобилистот, опишувајќи ја моќната фотографија која го претставува поголемиот дел од успехот на Македонија на спортски план во последните две децении.

 

ПретходноНадал ја мина првата пречка на УС Опен, Радукану веднаш испадна
СледноЕдис Малиќи пред трансфер во Струга Трим Лум!