Србите се засилија: Милутинов пристигна на Евробаскетот 2022

203

Во Прага денеска пристигна центарот на српската кошаркарска репрезентација, Никола Милутинов. Поради вирус тој остана во Белград откако остатокот од тимот отпатува на Евробаскетот, а потоа имал проблем со превозот до Чешка.

По неколкудневно доцнење, тој конечно пристигна денеска и го засили српскиот кошаркарски тим пред најголемиот предизвик на турнирот.

„Полн сум со енергија, едвај чекам да играм. Ми беше тешко и болно, имав голема желба да играм од првиот ден, но што е тука е. Дојдов, да продолжиме понатаму. Ги гледав првите натпревари, изгледаме одлично, само потребно е да продолжиме“, изјави Милутинов.

Денеска од 21 часот Србија ќе игра против Финска, во обид да ја оствари и третата победа на ЕП 2022.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 6.КОЛО: Шабани си поигруваше со “пандевци“
СледноФ1: Пропадна зделката меѓу Порше и Ред Бул?