Марио Младеновски го засилува шампионот

822

Екс македонскиот репрезентативец Марио Младеновски е нов член на тимот на Шкупи. Откако сезонава  Чаирчани лошо започнаа, пред се во Европа, а потоа и во домашниот шампионат, очигледно дека акцентот е ставен на одбраната, па истата треба да биде засилена.

Одлуката падна на Марио Младеновски, екс македонски младински но и сениорски репрезентативец кој иако млад има интернационално искуство во Данска, односно Бугарија.

Своевремено доби сензационален повик за А репрезентацијата и одигра во стартниот тим против репрезентацијата на Австрија на гости.

 

ПретходноПовеќе од 53 милиони денари видеолотарија исплати за добивки во август
СледноАзар „зовре“ на клупата на Реал: Секој меч иста приказна (ВИДЕО)