Нема веќе играчки, едноставно на Шкупи под итно му треба нов тренер, и тоа не било кој, туку тренер кој ги знае приликите не само во клубот туку и во мак – фудбалот. Шкупи денеска во Кавадарци беше катастрофа, едноставно успеа на Тиквеш да му “помогне“ да дојдат кавададарчани до тие 3:1.Ова е веќе втор пораз во серија, кризата е тука, играчка пред се, и затоа е време под итно, ама под итно шампионот да назначи нов тренер. Бозкаја, па Мегленски, по разделбата со Седлоски беа привремени решенија и се виде дека не оди никако со нив.
Дознаваме дека оперативниот тим на Шкупи веќе е на нозе, и дека под итно се бара нов тренер. Се преговара и набргу клубот ќе излезе со неговото, барем така треба да биде.
Тренер кој би требало прво да ја “стегне“ екипата, да ги постави работите на место како што треба и да престане ова раздавање на бодови и на угледот пред се на тимот кој што важи за актуелен шампион на Македонија.
Веќе во недела на Чаир во скопското дерби, во меч од 7.коло во ПМФЛ, гостува се подобриот Работнички.