Последни битки од групната фаза на ЕП: Србија по врвот, какви се шансите за осминафинале!

303

Денеска се играат последните мечеви од групната фаза на Евробаскетот. Последни кои ќе го комплетираат распоредот во осминафиналето се репрезентациите од групите „Ц“ и „Д“.

Во групата „Ц“ патниците веќе се познати, се чека финалниот изглед на табелата. Грција е максимален скор од 4-0 и без разлика на дуелот со Естонија (17 часот) ќе остане на првото место и ќе го чека името на четвртопласираниот тим од групата „Д“.

Покрај Грција место во 1/8 финалето обезбедија Украина, Италија и Хрватска. „Коцкестите“ играат против Украина, победа ќе значи најмалку трето место, додека пак пораз може да ги однесе во директна пресметка со Србија. Италија пак ќе има лесна задача, игра против Велика Британија, селекција која веќе одамна ги изгуби сите шанси за понатаму.

Србија веќе се пласираше во осминафиналето, против Полска ќе се бори за за првото место на табелата во групата „Д“.

За останатите места две места ќе се борат Израел и Чешка, додека пак Финска е сигурна во Топ 16. Израел игра против Чешка, на првата селекција и треба само победа од оваа средба или пак пораз на Финска од 1-5 поени.

Чешка пак за пласман во следната рунда мора да го победи Изреал со шест и повеќе поени, секако место ќе обезбеди со победа на Финска.

ДВОЈКИ ЕВРОБАСКЕТ

ГРУПА Ц

14:15 Хрватска – Украина

17:00 Естонија – Грција

21:00 Велика Британија – Италија

ГРУПА Д

14:00 Финска – Холандија

17:30 Чешка – Израел

21:00 Србија – Полска

ПретходноНавивачите на Марсеј се пресметаа со Англичаните и полицијата (ВИДЕО)
СледноКарбеска и Илиева со меч од ЛШ ја почнуваат сезоната!