УС ОПЕН: Швјонтек и Жабер ќе играат за титулата во Њујорк

72

Најдобрата светска тенисерка во моментов, Полјачката Ига Швјонтек се пласираше во големото женско финале на УС Опен откако ја совлада Арина Сабаленка утрово со 3:6, 6:1, 6:4 во второто полуфинале на последниот Грен Слем турнир.

21-годишната Ига одигра слаб прв сет, но потоа го најде вистинскиот ритам и стигна до директниот меч за титулата, во кој противничка ќе и биде Онс Жабер од Тунис.

Швјонтек за првпат ќе игра финале во Њујорк, а меѓудругото стана и првата полска тенисерка која стигнала до мечот за трофејот на УС Опен.

Во второто полуфинале одиграно утрово, Жабер во два сета 6:1, 6:3 доминираше во дуелот со Французинката Гарсија и обезбеди второ финале на Грен Слем турнирите по она на Вимблдон кое го загуби од Елена Рибакина.

ПретходноПо смртта на кралицата: Одложени сите петочни спортски натпревари во Британија
Следно„Тутоспорт“: Станковиќ ќе биде наследникот на Инзаги на клупата на Интер