Саитоски и кажа „НЕ“ на Македонија и замина да игра за Словенија

1065

Досегашниот македонски младински репрезентативец и во моментов членот на словенечкиот тим Домжале Емир Саитоски, реши повеќе да не настапува за нашата репрезентација. Односно да ги промени националните бои и одсега натаму да биде дел од репрезентацијата на Словенија.

Како што дознава Спортмедиа, Саитоски веќе втор пат го одбива повикот на У21 репрезентацијата на Македонија, и во разговор со надлежните јасно ставил до знаење зошто тоа го прави. Словенија му доделила патна исправа и наскоро ќе му врачи и повик за У21 репрезентацијата.

Саитоски инаку, ги мина сите младински селекции на Македонија, играше пријателски но и официјални мечеви од У17, преку У19 па се до најстарата У21 репрезентација но ете, сега одлучи да ги промени националните бои.

Дали тоа е правилен потег за него ќе покаже времето, но во исто време му е ставено до знаење дека Македонија повеќе никогаш нема да го повика.

 

ПретходноМакедонија со пет претставници на СП во Белград
СледноБрајтон назначи привремен менаџер