Итен состанок во Интер по поразот од Баерн

187

Откако тимот на Интер загуби на домашен терен во рамките од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен, денеска во клубот е свикан итен состанок. И тоа на клупско ниво, на кој биле присатни од управа, преку стручен штаб, па се до играчи, пренесува „Газета Дело Спорт“.

На состанокот секако тема биле трите порази во последните четири меча на тимот што секако е недозволиво со оглед на амбициите сезонава.

Главен збор покрај директорите на клубот имале и авторитетите во соблекувалната од типот на Самир Хандановиќ и Николо Барела, кои критички биле настроени кон некои играчи, пред се поради нивната физичка подоготовка. Од друга страна пак, дел од фудбалерите како алиби го имале самиот старт на сезоната, и недоволниот број на изминати мечеви. Тренерот Симоне Инзаги пак, дал до знаење дека и однесувањето на терен не е на највисоко ниво, мора истото да се подигне, и дека сепак, со правилен развој на настаните се ќе биде во ред, затоа што има сезонава уште многу да се игра.

 

ПретходноГостивар се засили со Американецот Стедман!
СледноЕргин Атаман одново лут: Ова е против турскиот народ!