Ерик Кантона, легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Франција, предизвика вистинска бура или политички скандал поради една негова изјава. Изјава со која секако дека сега Шпанците не можат са го смислат.
„Не Шпанија, туку Каталонија го освои СП во 2010 во Ј. Африка. Десетмина играчи од тој состав беа од Каталонија, моите дедо и баба беа од Каталонија, но побегнаа во Франција во 1939 година во текот на граѓанската војна во Шпанија“ рече покрај другото славниот Кантона. Овие негови зборови наидоа на голем осуда од страна на Шпанците, а во Каталонија сега тој е главен јунак.










