Второто коло во машката Супер-лига продолжува денеска. Први на терен ќе истрчаат Куманово и Алкалоид (16:30 часот). Домаќинот не успеа да дојде до целосен плен во минатото коло, па својата шанса ќе ја бара пред своите фанови. Сепак нема да биде лесно, бидејќи ќе игра против Алкалоид, кој во минатото коло покажа дека ќе биде незгоден противник во својата дебитанска сезона. Избраниците на Кирил Лазаров со убедлив триумф се вратија од Прилеп, не очекуваат да биде нешто поразлично ниту денеска.
Во истата групата А, Струга го пречекува Вардар Неготино, додека пак Охрид е домаќин на Прилеп.
Во групата Д, ќе биде интересно на мечот меѓу Пролет и Е.Пелистер 2. Домаќинот се намачи против Голден Арт, но ги зеде бодовите, на другата страна вториот битолски тим покажа сила против Тиквеш, лесно го совлада. Токму кавадарчани против Радовиш ќе бараат рехабилитација против Радовиш.