Давид Бабунски го раскина договорот со Дебрецин

306

Унгарски Дебрецин вчера и официјално потврди дека го раскина договорот со македонскиот репрезентативец Давид Бабунски. Договорот е раскинат со взаемна согласност.

28-годишниот Давид Бабунски премина во Дебрецин од романска Виторул Констанца летото 2021 година. Минатата сезона Давид играше 17 пати како стартер и седум пати влезе од клупата во составот на Дебрецин, а постигна само еден гол.

ПретходноПех за баварците: Баерн за мечот со Барселона остана без еден клучен фудбалер
СледноДенеска во Струмица почнува 3. Меморијален турнир „Илија Караманов“