Барса го совлада Кадиз со четири гола во второто полувреме (видео)

174

Екипата на Барселона ја впиша и четвртата победа во Ла Лига откако вечерва славеше и на гостувањето кај Кадиз со 0:4 во 5. коло. „Каталонците“ го скршија отпорот на противникот во второто полувреме, Френки де Јонг ја погоди мрежата, а десет минути подоцна Левандовски зголеми.

Во финишот се случи прекин на натпреварот. На еден навивач му се слошило, па голманот на Кадиз реагираше со тоа што однесе медицинска опрема на трибините. Натпреварот беше во прекина половина час, а потоа продолжи.
Фати и Дембеле ја заокружија убедливата победа на Барса.

Со тоа Барса му врати на Кадиз за поразот од минатата сезона на „Ноу Камп“. Кадиз оваа сезона е очаен, има пет порази од исто толку натпревари и нема дадено гол (0:14).
Барселона идното коло ќе игра против Елче на домашен терен. Кадиз ќе игра со Ваљадолид.
Денеска се одиграа уште два меча, Рајо Ваљекано ја совлада Валенсија со 2:1, а Еспањол загуби од Севиља со 2:3. Вечерва е мечот Атлетико-Селта, а утре играат: Реал – Мајорка (14 ч.), Елче – Атлетик Билбао (16:15 ч.), Хетафе – Сосиедад (18:30 ч.), Бетис – Виљареал (21 ч.).

ГОЛОТ НА ДЕ ЈОНГ ОВДЕ

ГОЛОТ НА ЛЕВАНДОВСКИ ОВДЕ

ГОЛОТ НА ФАТИ ОВДЕ

ГОЛОТ НА ДЕМБЕЛЕ ОВДЕ

ПретходноПрва радост за Тиквеш и Охрид!
СледноПораз за Македонките на стартот на Лигата на шампиони