„Два од два“ за  Пролет и Струга!

70

Пролет и Струга продолжија во победнички ритам на стартот на новата сезона во Супер-лигата. И двата тима прокнижија три важни бодови.

Скопскиот состав го доби дерби дуелот со Е.Пелистер 2, славеше со 28-22. Битолчани беа подобри на стартот имаа позитива од два гола 5-7, по што домаќинот го зема водството во свои раце. Со серија шест гола поведе со 11-7, на одморот беше 14-11. Во продолжение мечот „течеше“ во една насока, а темпото го диктираше Пролет.

Димов и Џонов со по пет гола беа први стрелци, Атанасијевиќ и Белистојановски имаа четири гола кај Пелистер 2.

Струга дојде до лесна победа против Вардар Неготино, славеше со 36-24. Дуелот го реши во првото полувреме, по кое водеше со пет гола (18-13).

ПретходноБрозовиќ го спаси Интер од нов срам! (ВИДЕО)
СледноКонечно и Шалке победи