Тeл стана рекордер на Баерн

190

Баерн не успеа да го совлада Штутгарт (2:2) во меч од Бундес лигата. Сепак, мечот ќе го памети младиот Матис Тел кој е стрелец на еден од головите за „Баварците“. Тој ја погоди мрежата во 36. минута и стана најмлад играч на Баерн кој дал гол во најсилната германска лига. Тел тоа го направи со 17 години и 136 денови.
Претходно Тел урна рекорд за најмлад стрелец на гол за Баерн во Купот. Со 17 години и 126 дена и даде гол на Викторија Келн.
Инаку Тел е француски фудбалер кој дојде во Баерн ова лето за 20 милиони евра, плус 8,5 милиони ќе бидат платени во бонуси. Тренерот Јулијан Нагелсман од него очекува барем десет голови сезонава.
Инаку во јуниорските категории играл како дефанзивец, а потоа бил прекомандуван во напаѓач.

ПретходноПораз за Македонките на стартот на Лигата на шампиони
СледноХрватска е европски првак во ватерполо