Црногорците огорчени: Ова е катастрофа! Игравме „осум на пет“!

332

Германската кошаркарска репрезентација, еден од домаќините на ЕП се пласираше во четвртфиналето, откако по голема драма ја совлада Црна Гора со 85-79. Грманија за место во полуфинале ќе се бори против победникот од Грција и Чешка.

На другата страна Црногорците на полувремето имаа 24 поени неагтива, но успеаја да се вратат во самата завршница, во која имаше некои дискутабилни одлучи, во корист на Германија и нејзиниот пласман во четвртфинале.

„Од стартот на турнирот се случуваат необјаснливи работи. Секогаш се трудам да не ги коментирам судиите, но ова првенство беше најлошо по ова прашање. На Дубљевиќ при три поени разлика не му судат фаул, мене му бутнаа на полагање, додека нив ги почестија со слободни фрлања“, изјави Владимир Михаиловиќ.

На него се надоврза, Дино Радончиќ.

„Судењето во текот на целиот турнир е катастрофално. Ова ни се случи против Турција и за замлку против Грузија. На овие првенства треба да судат најдобрите судии“.

По поразот црбогорскиот селектор, Бошко Радовиќ исто така ги критикуваше судиите.

„Игравме пет на осум, а ние имаме и онака скратена ротација. Имаше многу чудни и спорни одлуки, секоја која е спорна е во корист на Германија. Сепак нема да ги обвинувам за се судиите, играме лошо во првото полувреме”.

ПретходноАлтипармаковски: Сите ние во Брегалница не смееме ниту да помислиме дека во Прилеп ќе биде лесно!
СледноПрва рунда: Вардар 1961 vs Пелистер за Супер-куп трофејот!