Од Втора лига директно на второто место во елитата по седумте кола во тековната сезона. Тоа е Силекс со неговиот стратег Горазд Михаилов. Се разбира дека немаше незаслужено да биде тренер на 7.коло и Бабунски (Победа), Захариевски (Струга ТЛ) или Седлоски (Шкупи), но според “Спортмедиа“ во ова коло тренер на колото е Михаилов.
Се разбира и поради победата над Македонија ЃП на гости, и поради одличната тактика со која беше уништена домашната екипа, но и поради се она што Горазд го прави и направи во изминатите седум кола со својот тим.
Да, Силекс е втор, со освоени 14 бодови, пред Шкендија, Шкупи, Брегалница, А.Пандев….