ТИМ И ИГРАЧ НА 7.КОЛО: Алварез е најдобар меѓу најдобрите

302

Кога ќе се победи во едно градско дерби со 5:0, а ти постигнеш еден гол и три наместиш, тогаш јасно е дека си играч на 7.коло. Тука мислиме на Фреди Алварез, “моторот“ на Шкупи, најдобриот играч на Шкупи и не само на овој меч.

Покрај него во тимот на колото се и Маргвелашвили и Реналдо од таборот на првакот. Струга ТЛ го победи Скопје, повторно одлични беа Малески и Шабани. Победа славеше со Брегалница, па така во тимот на колото се Тофилоски, Делов и Спиркоски. Од Силекс тука се Љамалари и Масевски, а од Тиквеш одличниот Нгоба.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

 

ФРЕДИ АЛВАРЕЗ

Тим: Шкупи

Роден: 26.04.1995 во Костарика

Кариера: Саприса, ЦС Уругвај, Мунисипал, АДР Џикарал, Хередиано, Шкупи

ПретходноОфицијално: Премиерлигашите ќе играат викендов, но без двете дербија!
СледноУбавата Дилета ќе се соблече гола, само треба Барса да го победи Баерн со три разлика!