Познати се судиите за 8.коло во ПМФЛ, пет натпревари кои се играат претстојниот викенд. Јован Качевски од Струга е одреден за главен судија на супер – дербито меѓу Шкендија и Шкупи, кое се игра во сабота со почеток од 15 часот.
Во Струга, каде игра перфектната Струга ТЛ со Тиквеш, за главен судија е одреден Марјан Младеновски од Скопје. Александар Ставрев од Скопје ќе го суди мечот меѓу А. Пандев и Македонија ЃП.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 8.КОЛО – САБОТА (15 Ч)
Работнички – Победа (Игор Стојчевски – Скопје)
Шкендија – Шкупи (Јован Качевски – Струга)
А.Пандев – Македонија ЃП (Александар Ставрев – Скопје)
Струга ТЛ – Тиквеш (Марјан Младеновски – Скопје)
НЕДЕЛА:
Скопје – Брегалница (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)