Промени во АБА: Осум екипи влегуваат во плеј – офот, дали е ова шанса за МЗТ Скопје!?

118

Како што се известува на официјалната интернет страница на АБА лигата, на состанокот на раководството на регионалната лига кој се одржа деновиве во Бар, одлучено е осум екипи да влегуваат во плеј – офот место досегашните шест екипи. Се наведува дека по контруктивната дебата и целосна анализа, да се донесе ваква одлука и тоа на задоволство на клубовите и повеќе фанови на АБА лигата во регионот.

Тоа значи дека со промената во битката за титулата во новата сезона 2022/23 ќе тие осум екипи ќе играат 1/4 финале, па полуфинале и се разбира на крај финале.

Дали со ова шанса добива и МЗТ Скопје, кој долги години се враќа во А-дивизијата, останува да се види. Имено по ново сега „металците“ во регуларниот дел треба да завршат најмалку на осмото место како би влегле во плеј – офот.

ПретходноОфицијално: Ерик Амо од Гана е нов член на Победа!
СледноФановите тагуваат: Федерер замина во пензија!