Полека, но сигурно Евробаскетот 2022 влегува во самиот финиш. Имено денеска на програмата се двете полуфинални средби на кои ќе ги дознаеме репрезентациите кои во недела ќе се борат за златото на ова првенство.
Па така, откако ги нема Дончиќ (Словенија), Јокиќ (Србија), Адетокунпо (Грција), сега некои други селекции го водат главниот збор. Главното прашање е дали Полска ќе има сила за нова сензација. Понитка и другарите се среќаваат со Франција, селекција која имаше премногу среќа во 1/8 и 1/4 финалето, додека Полска го детронизираше сеуште актуелниот првак.
Во второто полуфинале, кое исто така се игра во Берлин, се среќаваат домашната Германија и разиграната Шпанија. Тука нема фаворити и аутсајдери, и двете селекции досега на овој Евробаскет покажаа дека имаат сила, знаење и квалитет да дојдат и до златото.
А кој ли само претпоставуваше пред стартот на ЕВРО 2022, дека ова ќе бидат двојките за 1/2 финалето.
ПОЛУФИНАЛЕ – ДЕНЕСКА (БЕРЛИН)
ПОЛСКА – ФРАНЦИЈА (17:15 Ч)
ГЕРМАНИЈА – ШАНИЈА (20:30 Ч)