Во понеделник, 19. септември, ќе започне продажбата на билетите за последниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација од групата 3 во Лигата на нации против Бугарија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Бугариjа ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.
Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има.
МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 26. септември)
Билетите ќе чинат од 250 до 350 денари а ќе можат да се купат на повеќе места ширум државата.Едно лице ќе може максимум да купи 4 билети.