Денешниот прв противник на македонската фудбалска репрезентација, селекцијата на Австрија, влезе во кризен период во кој особено проблем имаат стрелците. Австријците на ова Еуро 2020 допатуваа со неславна статистика.
Имено, четата на Франко Фода не успеа да постигне гол на ниту еден од последните три меча кои ги одигра како вовед на ова Европско првество. Згора на тоа, цело едно полувреме беа без гол и на мечот со Фарските острови, каде славеа со 3:1, но сите голови ги постигнаа во првите 45. минути од мечот.
Интересен факт е и тоа што Австрија не знае за победа на европските првенства. Ова е трето нивно учество на евро-шампионатите, а на претходните две имаа само две ремија и дури 4 порази.