Драма во Радовиш: Вјештица со звукот на сирената му зеде бод на Пролет

129

Драма во Радовиш со среќен крај за домаќинот, кој со гол во последната секунда на Вјештица се избори за реми (27-27) против Пролет во рамките на третото коло во групата Б. Гостите треба да жалат за пропуштената шанса за победа, имаа водство од два гола (25-27), откако претходно успеа да се врати во живот по негативата од 25-22 на девет минути до крајот.

Постолов со 11 гола беше лидер кај домаќинот, три помалку имаше Вјештица, додека на другата страна Џонов имаше шест гола.

Пролет добро го отвори мечот имаше водство од 2-4 и 3-5, но домаќинот со серијаа од 5-1 поведе со 8-6. Следеше изедначена битка која на полувремето му припадна на Радовиш. Домаќинот по одморот продолжи во добар ритам, водеше со 20-17 и 25-22, но Пролет се врати, но потоа застана.

Бутел Скопје по поразот од Вардар во минатото коло, успеа да дојде до втората победа во Групата А, на домашен терен ја совлада Струга со 27-25. Во истата група Куманово дојде до првата победа, откако беше подобар од Вардар Неготино со 24-26.

ПретходноВаленсија сигурна против Селта
СледноРаниери го одбил Берлускони да седне на клупата на Монца