Во седмиот настап сезонава, фудбалерите на Евертон ја забележаа првата победа откако на својот „Гудисон“ го совладаа Вест Хем со 1:0.
Единствен стрелец на натпреварот беше Мопеј, во 53. минута, што е и негов деби-гол во дресот на „карамелите“.
Првата радост за момците на Лампард го оставија тимот во долниот дел на табелата на 13. место со досега 7 освоени бодови.