Факт е дека Шкендија во мега – дербито со Шкупи беше подобра, го надигра шампионот, но сепак не успеа да победи. Тетовци имаа неколку шанси, зицери, но Кристијан Наумовски бранеше феноменално и тој го спаси својот Шкуши од пораз. Да, во сабота Наумовски славеше роденден, можеби и затоа имаше мотив да блеска под Шара. Затоа е играч на колото.
Струга ТЛ не знае за доста, нова, осма победа по ред, во саботата против Тиквеш. Илиески, Бојку, Шабани и Ибраими се во тимот на колото. Супер важна победа на Македонија ЃП среде Струмица, Стојкоски постигна фантастичен гол за победа, а одлични беа и Илиевски и Стоилов. Работнички ја совлада Победа и тоа благодарение на акцијата на Велкоски кој асистираше а Рушевиќ кој стрелаше. Скопје одигра реми со Брегалница, одличлен настап имаше Најдоски.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
КРИСТИЈАН НАУМОВСКИ
Тим: Шкупи
Роден: 17.09.1988
Кариера: Работнички, Динамо Букурешт, Левски Софија, Пегасус, Биркиркара, Балзан, Шкупи