Ридигер: Отворам врата, и пред мене Карло Анчелоти… влезе, зборувавме, ручавме…

959

Германскиот репрезентативец Антонио Ридигер не се договори со Челзи за продолжување на соработката и замина во Реал Мадрид и покрај тоа што имал примамливи понуди од Манчестер Јунајтед и од ПСЖ.
Тоа го потврди во интервју за германски „Спорт1“.
Постоеја само две опции: Или да останам во Челзи или да одам во Реал Мадрид. Немаше трето. На крајот на април работите станаа поконкретни. Игравме против Реал во четвртфиналето на ЛШ и по првиот меч кој го изгубивме брат ми ми рече: ‘Тони не знам дали ова ќе успее и дали ќе те сакаат повеќе после овој меч. Во реваншот мораш подобро ако сакаш да одиш таму’. Тоа ме мотивираше па реваншот го завршив со дупната глава“, кажа Ридигер.

Тој раскажа и за случка со тренерот Карло Анчелоти по првите денови по трансферот во Реал Мадрид.
Тоа беше првиот ден во новата куќа. Седевме само неколку часа и одлучивме во дворот да направиме скара. Некој заѕвони на вратата. Отварам, а таму стои Карло Анчелоти. Останав без зборови.Влезе, седна со нас, зборуваше, ја запозна мојата фамилија… Многу нормален и реален човек. Седеше два часа и зборувавме за се и сешто. Никогаш во кариерата не сум доживеал такво нешто.
По неколку месеци работа со него можам да ви кажам дека му нема рамен кога се работи за односот со играчите. Тој е Дон карло. Тренерска легенда“, изјави Германецот кој во кариерата работел со тренери како Томас Тухел, Антонио Конте, Лучано Спалети, Јоаким Лев, Ханси Флик, Маурицио Сари…

ИДОЛ МУ БИЛ ПЕПЕ
Пепе беше мој идол. Гледав снимки од сите негови настапи и како ги задржува противниците. Сакав да бидам како него. Сакав да покажам дека можам да бидам жестоко момче. Тој е неверојатен, не само во дуели, туку и во читање на играта. А во Реал слушам дека тој бил мирно момче надвор од теренот. Можеби не сте знаеле но Пепе е единствениот човек кого сум го чекал еден час за да размениме дресови. А освен од него во колекција имам уште два дреса од фудбалери на кои сум горд – Тијаго Силва и Серхио Рамос“, додаде Ридигер.

 

ПретходноТодоровски: Целта ни e освојување на турнирот во Хрватска
СледноКлоп по секоја цена го сака Валверде на „Енфилд“!