Светскиот совет на ФИА го одобри Формула 1 календарот за сезоната 2023 година.
Во 2023 година ќе се одржат 24 трки, што е рекордна бројка за првенството. Трките во Кина и Катар ќе се вратат во календарот (трките во Шангај не се одржаа од 2019 година поради коронавирусот), Големата награда на Монако ја задржа својата позиција. Исто така, следната сезона ќе се одржи и Големата награда на Лас Вегас, која ќе биде трета трка во САД заедно со трките во Остин и Мајами.
Формула 1 календар за 2023 година
- ГН на Бахреин – 5 март
- ГН на Саудиска Арабија – 19 март
- ГН на Австралија – 2 април
- ГН на Кина – 16 април
- ГН на Азербејџан – 30 април
- ГН на Мајами – 7 мај
- ГН на Емилија-Ромања – 21 мај
- ГН на Монако – 28 мај
- ГН на Шпанија – 4 јуни
- ГН на Канада – 18 јуни
- ГН на Австрија – 2 јули
- ГН на Британија – 9 јули
- ГН на Унгарија – 23 јули
- ГН на Белгија – 30 јули
- ГН на Холандија – 27 август
- ГН на Италија – 3 септември
- ГН на Сингапур – 17 септември
- ГН на Јапонија – 24 септември
- ГН на Катар – 8 октомври
- ГН на САД – 22 октомври
- ГН на Мексико – 29 октомври
- ГН на Бразил – 5 ноември
- ГН на Лас Вегас – 18 ноември