Арнаутовиќ постави рекорд за Австрија, а Гризман за Франција

138

Франција и Австрија играат меѓу себе на Стад д’Франс во Париз во Лигата на нациите. На мечот рекорди одбележаа напаѓачот на Австрија Марко Арнаутовиќ како и голгетерот на Франција Антоан Гризман.
Арнаутовиќ, кој имаа 33 години, го впиша 103 натпревар со што е на делба на првото место со Андреас Херцог по најмногу натпревари за австриската репрезентација. Арнаутовиќ игра за Австрија од 2008 година и до сега има дадено 33 гол, односно 11 помалку од апсолутниот рекорд на Тони Полстер.
А Антоан Гризман нема пропуштено натпревар за Франција од 2017 година. Гризман вечерва беше стартер и тоа означи 66 едноподруго мечеви во кои напаѓачот игра за националниот тим. Таа серија трае од мечот со Англија во јуни 2017 година.
Вкупно напаѓачот на Атлетико има 109 натпревари за Франција и 42 гола.

 

ПретходноПремиерлигашите донесоа одлука: Секој што ќе влезе на терен добива забрана од една година
СледноВтор пораз на Работнички на Балканскиот куп