Уште еден екс-кошаркар на МЗТ Скопје ќе игра во НБА-лига

302

Уште еден поранешен член на актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје ќе игра во најсилното светско клупско натпреварување. По Хасани Гравет кој минатата сезона го носеше дресот на Орландо, договор со НБА тим потпиша и Нуни Омот.

Тој ќе биде дел од Њујорк Никс. Засега нема информации околу деталите за соработката за кошаркарот кој во МЗТ Скопје играше три месеци во сезоната 2019/2020.

ПретходноНиту сопругата на Федерер немаше срце да ги издржи неговите солзи (ВИДЕО)
СледноГрузија е минато, да финишираме како што треба против Бугарија