Раководството на Севиља ќе одржи итен состанок по поразот од Атлетико Мадрид со 2-0 доцна синоќа, открија шпанските медиуми. Клубот од Андалузија е во сериозна криза од почетокот на сезоната.
На состанокот ќе се решава иднината на тренерот Хулен Лопетеги. Најавите се дека тој се очекува да добие отказ во блиска иднина.
Шефовите му дадоа „карт бланш“ на менаџерот за уште еден натпревар по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, но сега Севиља потфрли и против Атлетико.