На Г2 турнирот во Тирана, Албанија, нашиот таеквондист Дејан Георгиевски освои уште едно злато. Едно од многуте во неговата колекција медали кои периодов ги освојува каде и да настапува. Покрај Георгиевски, медал, со сребрена боја освои Филип Додевски.
Словенецот Иван Трајковиќ, инаку медалист од Олимписките игри беше жртва на нашиот Дејан по што беше јасно дека Георгиевски ќе биде најдобар на овој турнир.
Додевски пак до финалето забележа две победи, но во последната борба загуби од Сулејманов од Азербејџан.