Кризата кај Порто на стартот на новата сезона во ракометната Лига на шампиони никако да заврши. Тимот на нашиот голман Никола Митревски вечерва го забележа и четвртиот пораз во низа, откако на гостувањето кај Динамо во Букурешт загуби со 32:27.
Ниту 10-те интервенции на Митревски не им помогнаа многу на Португалците кои во завршницата на мечот како целосно да се предадоа и му дозволија на романскиот тим на крајот и преубедливо да го добие мечот во своја полза. Порто без освоен бод е залепен на дното на табелата во групата.
Ракометарите на Нант ја продолжија одличната низа во групата Б и го забележаа третиот последователен успех. Денеска Французите славеа на гостувањето кај екипата на Целје со 35:24 и се вратија на чело на табелата во се уште неколмплетното 4. коло.
Мине со 8 гола беше инспирација за уште една нова победа на тимот, каде Кавалканти постигна 6, додека Даматрин заврши со 5 гола. Кај Целје Влах заврши со 9 гола.