Македонија со реми против Белорусија

282

Женската репрезентација на Македонија до 19. години втор меч по ред на квалификацискиот турнир во Грузија останува непоразена. Денеска извлековме бод против репрезентацијата на Белорусија, со конечни 1:1. Иако бевме пред пораз, откако Карашчак погоди од пенал уште во 19. минута, сепак, смогнавме сили и израмнивме во последните мигови од мечот. Поточно, Веса Сеља погоди во 83. минута и ни донесе злато вреден бод.

Сега, Македонија е лидер на групата со 4 бода и обезбеди пласман во следната фаза од квалификациите.

 

ПретходноИбрахимовиќ сепак размислува за пензија
СледноЃоковиќ и Медведев во полуфиналето во Астана