Перез го доби „Ел Конфиденсијал“ на суд, и ќе добие едно евро

211

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез го доби судскиот спор против медиумот „Ел Конфиденсијал“ кој објави аудио снимки во кои Перез говори против легендите на клубот Икер Касиљас и Раул Гонзалес.

Медиумите во Шпанија ја пренесуваат оваа информација со поткрепа дека пресудата отишла во полза на Перез исклучиво затоа што медиумот одлучил да ја објави снимката парцијално и токму затоа се губи вистинската смисла на разговорот, а неговата суштина. Од друга страна пак, пресудата исто така оди во полза на Перез, затоа што судот одлучил дека снимките се пуштени во јавност исклучиво за да се дискредитира Перез како личност, а тоа не е дозволено.

Перез уште на стартот на процесот рече дека воопшто не смета на финансиска надокнада откако ќе победи туку само сака да докаже дека е во право. Поради тоа како отштета ќе добие само едно евро.

 

ПретходноПех за Рома, се повреди еден од клучните играчи
СледноКК Работнички добива 1,4 милиони евра: Со спонзорството на МТЕЛ ќе ја вратиме шампионската титула