Ждрепката во Франкфурт ја смести нашата репрезентација во атрактивната група – Ц, и тоа заедно со Италија, Англија, Украина и Малта.
УЕФА на официјалниот сајт излезе со распоредот за текот на квалификациите, но потоа го повлече распоредот, потенцираше дека станува збор за техничка грешка. Официјалниот распоред ќе излезе денеска, по што ќе биде познато со кого Македонија ќе игра во првото коло.
Квалификациите ќе се играат во март, јуни, септември, октомври и ноември следната година.










