Официјално: Атлетико Мадрид го откупи Гризман!

86

Како што се пофалија денеска раководните лица на Атлетико Мадрид, тие и официјално го откупиле Антоан Гризман и со него е потпишан договор до 2026 година. Вредноста е околу 20 милиони евра плус разни бонуси.

Па така со ова се стави крај на сагата која беше поврзана со репрезентативецот на Франција околу Барселона и Атлетико Мадрид.

May be an image of 1 person, standing and text

Со ваквиот развој на настаните секако дека е задоволна и Барса, но и стратегот на “јорганџиите“ Диего Симеоне кој сега може да го користи Гризман во текот на целиот меч а не само по 30 минути.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бобан Бабунски (Победа)
СледноЛапорта: Барселона ќе му подигне статуа на Меси!