Откако синоќа го реши дербито со Марсеј и со единствениот гол му донесе победа на ПСЖ, денеска Нејмар е во Барселона каде се појави на судењето во Барселона.
Познато е дека бразилската мега – ѕвезда е обвинета за корупција при трансферот од Сантос во Барселона во 2013 година. Бразилската инвестициска фирма ДИС бара за него петгодишна затворска казна и парична казна од 150 милиони евра. Сепак шпанското обвителство од судот бара казна затвор од две години и парична казна од само 10 милиони евра.