Бразилците можат да здивнат, Ришарлисон не е сериозно повреден

60

На мечот меѓу Тотенхем и Евертон се повреди Ришарлисон и го напушти теренот со патерици. Првите информации беа дека можеби ќе го пропушти Мундијалот. Деталните анализи покажаа дека повредата не е сериозна и дека бразилскиот напаѓач ќе се врати за неколку денови.

Повредата не е сериозна. Потврдувам дека не е во опасност да го пропушти СП. Има проблем со листот на ногата и мислам дека ќе му треба малку време за да заздрави, а потоа да влезе во форма“, изјави тренерот Антонио Конте.

А Конте на следниот меч од Премиер лигата, против Манчестер Јунајтед освен на Ришарлисон не може да се потпре ни на Дејан Кулушевски кој има повреда на тетивата и ги пропушти претходните пет натпревари.

 

ПретходноКоментар на 11.коло: Спорен пенал на Чаир, нова “БЛАМАЖА“ на Брегалница, а “пандевци“….
СледноРеакција од Наполи на објавата на Елмас: „Тој се шегуваше и ништо повеќе“